Маж со лажна пушка предизвика паника во центарот на Париз

Еден човек предизвика паника во центарот на Париз, каде се појави со лажна автоматска пушка, само само седум месеци по нападите од 13 ноември, поради што беше уапсен, јави дописмикот на МИА од Париз.

Полицијата била алармирана синоќа непосредно пред 23:30 од страна на повеќе граѓани кои зборувале за „вооружен маж кој се подготвува да стрела“ во кафуле на плоштадот Торињи, објави весникот „Паризиен“.

На самото место на настанот полицајите не слушане пукотници, но виделе лице кое држело „долго оружје од тип на автоматска пушка”,, велат изворите. Тие побарале човекот да го спушти оружјето на земјата, што тој и го сторил и веднаш бил уапсен.

Полицијата тогаш открила дека оружјето е лажно.

Мажот, кој е со азиско потекло, не ги објаснил причините за ваквата негова постапла. Властите побарале тој да биде прегледан од лекар.

– На местото на инцидентот имаше многу луѓе. Некои од нив беа трауматизирани, особено беа шокирани две бремени жени, на кои им помогнаа пожарникарите. Други, пак, изразија желба да поднесат тужба, изјави извор на полицијата.

На 13 ноември лани, тројца џихадисти убија 39 лица во кафулиња и ресторани во источниот дел на Париз. Вкупно во овој терорстички напад загинаа 130 лица. Ова беше најсмртоносниот напад извршен досега во Франција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.