Маж нападнат од кучиња скитници

Шеесет и осумгодишен жител на светиниколското село Стањевци ноќеска е нападнат од повеќе кучиња скитници на паркингот кај крстосницата „Мездра“ на регионалниот пат Свети Николе – Куманово.

Повредениот е пренесен во Клиничкиот центар во Скопје каде му е укажана лекарска помош.

Настанот се случил 10 минути по полноќ, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од полициската станица во Свети Николе.