Крими хроника

Маж нападнат со нож на паркинг во Аеродром

Маж нападнат со нож на паркинг во Аеродром

М.Д. (36) од Скопје е тешко повреден вчера откако, додека стоел и разговарал со своите другари на паркинг на булеварот „Јане Сандански“, бил нападнат со нож од засега непознато лице.

Како што соопшти МВР, разбојникот се приближил кон М.Д. со трчање и од се уште непознати причини го повредил во пределот на бутот на двете нозе, нанесувајќи му  длабоки убодни рани.

Случајот го пријавил М.Н., другар на М.Д. На повредениот кој бил пренесен во скопскиот урегнтен центар, му е констатирана пресечена артерија и пукнатина на бутната коска.

СВР Скопје презема мерки за целосно расчистување на настанот.