четврток, 30 март 2017  |  Вести денес: 49

Маж со пластична пушка предизвика паника во Рим

rim

Последни вести

Маж со пластична пушка в рака синоќа предизвика паника во Рим и евакуација на главната железничка станица Термини, објавија италијанските медиуми.

– Полицијата на станицата Рим-Термини доби повик за присуство на вооружен маж. Зоната на железничката станица беше евакуирана, соопштија италијанските државни железници.

Медиумите подоцна објавија снимка од безбедносна камера на која е забележан маж со црно палто, сини панталони и бел качкет, кој носи предмет што наликува на пушка, која е свртена надолу. Тој бил пријавен од една патничка во метрото на три станици пред Термини, а потоа и на самата железничка станица. Мажот бил уапсен еден час подоцна со пластична пушка в рака, симнувајќи се од воз во Анани. Брзо потоа железничкиот сообраќај повторно е воспоставен.

Термини е најголемата железничка станица во Италија, во која секојдневно минуваат илјадници патници.

Најчитани вести