Маж пронајден мртов во Илинден

Безживотно тело на маж вчера утрината, околу 10 часот, било пронајдено на местото викано Пуста Кула во населбата Илинден.

Случаен минувач го пријавил настанот, по што полициски екипи веднаш излегле на терен.

Утврдено е дека починатото лице е 65 годишниот Д.Д. од скопско Трубарево. Смртта била констатирана од лекар од Итна медицинска помош.

По наредба на јавен обвинител на телото на починатото лице ќе биде направена обдукција со цел утврдување на причините за смртта.