Маж пронајден мртов во Скопје

Починато машко лице околу полноќ е пронајдено на улицата „Ибе Паликуќа“ во Скопје.

Случајот во полиција бил пријавен од страна на медицинско лице од итна медицинска помош.

-Од страна на полициски службеници излезено е на местото на настанот при што било утврдено дека починатиот е З.П.(56) од Скопје кај кого од страна на лекар не се констатирани траги на насилство, информираат од полицијата.

Во консултација со јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.