Maж пронајден мртов во струмичко

Вчера во 07:45 часот во атар на село Требичино, струмичко, на „Требичински лозја“, од страна на тим за пребарување од Секторот за внатрешни работи Струмица и членови на ловни друштва „Фазан“ и „Беласица“, пронајден е починат М.П. (73) од село Требичино.  

Истиот на 15.08.2016 година беше пријавен за исчезнат.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица, Јавен обвинител и лекар од Јавна здравствена установа Струмица, при што е констатирано дека на телото на починатиот нема видливи траги на насилство.

Телото на починатиот е предадено на семејството.