Маж пронајден мртов во струшко

Машко починато лице било пронајдено рано утринава на местото викано „Славило“ над струшкото село Локов.

Од полицијата информираат дека случајот го пријавил С.Н.

Починатиот е 35 годишниот У.Е. од Дебар кој напасувал стока и најверојатно починал од удар на гром.

Увид ќе се врши во текот на денот.