Маж пронајден мртов во Велешко Езеро

Седумдесет и осумгодишниот велешанец Б.З. вчера околу 11.30 часот бил пронајден починат во водите на Велешко Езеро, поточно до браната после мостот.

Како што соопшти МВР, смрт без траги на насилство била констатирана од страна на екипа на Итната медицинска помош.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството за погреб.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Велес.