Маж пукал во градинка во Загреб

Загрепската полиција примила дојава дека се пука во градинка во Загреб, а по брза акција, мажот е уапсен, јавуваат хрватските медиуми.

Во близина на градинката се слушале рафали, а полицијата брзо стигнала на местото на настанот.

По околу еден час, загрепската полиција издаде соопштение дека уапсен е еден маж и дека во тек е криминалистичка обработка. Се наведува дека никој не е повреден.

„Прво околу 9.30 часот слушнав одвоени пукања. Не беа рафали туку поединечни пукања. Потоа се слушаа три, четири рафали, а по звукот би рекол дека се од калашников. Соседката ми рече дека полицијата имала триесетина дојави и дека то и го кажале полицајците“, вели еден жител кој живее во близина.

Според некои наводи пукано е кон детска градинка, а полицајци има на секој влез од зградите.

Во градинката веднаш почнале да стигнуваат родители, а некои заедно со децата биле затворени внатре.

https://www.youtube.com/watch?v=VrDlOwL5uVg

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.