Маж се бори за животoт по тешка сообраќајка во Скопје

Триесетгодишник се бори за животот на скопските клиники отако ноќта кон средата дожиевал сообраќајна несреќа во којато биле покосени метална канделабра, рекламен билборд и ограда.

Изминатата ноќ, половина час по полноќ на скопскиот булевар „Србија“ се случила сообраќајна незгода во којашто авомобилот „мерцедес’ со скопски регистарски ознаки управувано од 30-годишниот С.М. од Скопје изгубил контрола над возилото коешто се запрело дури откако соборило метална канделабра, рекламен билборд и ограда.

Од незгодата со повреди се здобил возачот кој со возило на Брза помош бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на натамошно лекување.

Тој се наоѓа во животно загрозувачка состојба, соопшти во средата Министерството за внатрешни работи.