Балкан

Маж се разнесе со бомба во Белград

Маж се разнесе со бомба во Белград
Маж се разнесе со бомба во Белград

Доцна синоќа на Баново брдо во Белград, 42- годишниот Г.И. се разнесе со рачна бомба. Мажот уште неколку минити по експлозијата бил жив.

Според првичните информации, човекот не бил од овој дел на градот.

Жителите на околните згради велат дека околу 22 часот слушнале силна експлозија.

Тие тврдат дека човекот, пред да ја активира бомбата, се приближил до едно дрво, со цел да спречи шрапнелите да не повредат некого во околината, а експлозијата го отфрлила неколку метри во далечина.

Полицијата извршила увид, но мотивот за самоубиството се уште не е познат.