Маж се удавил во езерото Треска

Маж на возраст од 59 години се удавил во водите на езерото Треска.

Настанот се случил вчера попладне околу 12:45 часот.

Полицијата на местото на несреќата извршила увид, при што е утврдено дека се работи за 59-годишниот скопјанец Уран С. чие тело по наредба на јавен обвинител му е предадено на семејството за погреб.