Маж се загушил од чад во Демир Капија

Седумдесет и две годишниот Благој К. од Демир Капија вчера утрината е пронајден мртов во домот на улицата Партизанска.

-Toj е пронајден на кревет во зачадена просторија од оган кој се уште тлеел на едната страна на креветот, информираат од полицијата.

Смртта настапила како последица на загушување од чадот, а е констатирана од лекар од Итната медицинска помош, кој на нозете на починатиот забележал изгореници.

Извршен е увид, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.