Маж се заканувал дека ќе се разнесе во центар за азил

Данската полиција денеска уапси маж кој се заканувал дека ќе се разнесе во центарот за азил на данскиот остров Фунен.

По преговорите со полицијата е уапсен 22-годишен Иранец, се наведува во данскиот портал Fyens.dk. јави РТ.

Иранецот бил на покривот на центарот за азил и се заканувал дека ќе се разнесе, па поради тоа центарот бил евакуиран.

Станува збор за центар во Ниборг, во централна Данска кој има капацитет за околу 500 луѓе.

Во Данска во 2015 година се поднесени 21.000 молби за азил, што ја прави една од главните европски дестинации за бегалци по глава на жител, после Финска, Австрија, Германија и Шведска, наведува раша Тудеј.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.