Маж силувал 12 годишно девојче во Карпош

Засега непознат маж, на возраст од околу 40 години вчера извршил полов напад врз дванаесетгодишно девојче во скопската населба Карпош.

Како што соопшти МВР, случајот го пријавила В.П., мајката на девојчето, ноќеска во 2:30 часот по полноќ. Според неа, немилиот настан се случил околу 19:30 часот.

Додека девојчето возело велосипед по булеварот „Иво Лола Рибар“ и улицата „Анкарска“, застанало до едно непознато машко лице, кое се движело пеш, на возраст од околу 40 години и му побарала 20 денари. Сторителот и рекол дека ќе и даде, но дека треба да појде со него до блиската гаража, на што таа се согласила. Наместо 20 денари сторителот и дал 500 денари и ја однел во гаражата каде го извршил половиот напад, по што заминал и и рекол да не кажува никому.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на настанот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.