Маж убиен со пиштол најден на патот Гостивар-Кичево

Мртов маж бил најден до автомобил на магистралниот пат Гостивар – Кичево.

Како што информира МВР, вчера околу 20.15 часот на магистралниот пат Гостивар-Кичево, кај местото викано „Сеферов Бунар“, полициски службеници забележале паркиран автомобил „Шкода Фелиција“ со охридски регистарски ознаки, а до возилото бил пронајден починат  М.З. (63) од село Трапчин Дол, кичевско.

Мажот бил најден со прострелна рана во пределот на главата нанаесена од огнено оружје. Покрај истиот бил пронајден и пиштол.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од ПС-Кичево. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е дадено за обдукција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.