Маж украл камери од џамија во Струга

Кривична пријава е поднесена против 40 – годишен жител на село Октиси, Струшко. М.Д. се товари дека украл камери од џамија во Струга.

Како што информира МВР, тој  со намера да изврши кражба, на 10-ти октомври годинава околу 14,00 часот, се упатил во џамијата-Теќе „Алвети Хасан Баба,“ во Струга.

Најнапред направил обиколка на џамијата по што, искористил погоден момент и со тргање, насилно извадил две камери поставени на sидовите од џамијата со што предизвикал материјална штета од 18.000 денари.

Потоа брзо избегал од местото по што со украдените камери се упатил према селото Октиси.

По четири дена од извршената кражба, од пријавениот М.Д. камерите се одземени, извршено е препознавање, а потоа се вратени односно предадени на претставник од џамијата.