Маж загина, брат му тешко повреден во превртување на трактор

архивска илустрација

Маж загина, а неговиот брат е тешко повреден во несреќен случај регистриран од полицијата вчера околу 7:30 часот.

Како што информираат од полицијата, несреќата се случила во атарот на прилепското село Дреновци кога 35-годишниот Р.Б. со трактор се превртел на планински терен. Тој починал на лице место, додека неговиот 27-годишне брат П.Б. се здобил со тешка повреда, фрактура на десната потколеница.

Повредениот брат ги повикал соселаните на помош, кои го извадиле телото на починатиот од под тракторот.

Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата.