Маж загина при превртувње на тракторска приколка во валандовско

Несреќен случај е пријавен во неделата во валандовското село Пирава, откако се првертела тракторска приколка, информира МВР кој ја добиле пријавата од Здравствен дом Валандово дека без знаци на живот бил донесен 55-годишен жител на селото.

Околу 14,30 часот во дворното место на починатиот, при извршување на земјоделски работи заедно со неговите соселани 42-годишниот З.У. и 66-годишниот Д.В., се превтрела тракторска приколка и го усмртила Д.У. Еден од неговите соеди со трактор ја повлекол приколката со својот трактор, но таа се наведнала на левата страна и го потиснала настраданиот, кој починал веднаш од здобиените повреди, информираат од полицијата.

Извршен е увид, а по консултација со Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството за погреб.