ФОТО: Маж загина во сообраќајка во Ѓорче Петров

Експлозија пред зградата на СВР Скопје
Експлозија пред зградата на СВР Скопје

Маж почина утрово околу 6:20 часот во тешка сообраќајна несреќа во населбата Ѓорче Петров.

Инцидентот се случил на крстосницата помеѓу улиците Ѓорче Петров и Мајски манифест, кога возило марка „фиат дукато“ со гостиварски регистарски таблички удрил во 76-годишниот скопјанец Благоја Н.

Од ударот пешакот починал на местото на настанот.

Во моментот полицијата се уште врши увид, а телото на починатиот е предадено на обдукција.

Страшна сообраќајна несреќа се случи во населбата Ѓорче Петров во Скопје.

soobrakajka_gjorce