Маѕари доби уште еднаш шанса од Тохир

И покрај лошите резултати во актуелната сезина и нерализираната цел, пласман во групната фаза од Лигата на шампиони, новиот сопственик на италијанскиот калчо гигант Интер, индонезискиот бизнисмен Ерик Тохир повторно потврди дека Валтер Маѕари и во новата клупска сезона ќе биде предводник на популарните „нероазури”.

„Нема да има прекин на соработката со Маѕари. Точно дека има многу фанови кои се незадоволни од постигнатите резултати во актуелната сезона, точно дека нема повторно да играме во Лигата на Шампиони, но Маѕари и понатаму ќе остане тренер на Интер. Тука немам никаква дилема. Сега сум фокусиран на пазарот на фудбалери. Сакам да ангажирам најмалку две квалитетни засилувања, најмалку две фудбалски ѕвезди”, изјави Тохир.

Првиот човек на Интер ќе се обиде за време на летниот преоден рок да ги осигура услугите на шпанскиот интернационалец од редовите на Челзи, Фернандо Торес и тие на репрезентативецот на Швајцарија од редовите на Наполи, Валон Бехрами.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.