Маѕари подготвен да даде се од себе за Интер

Валтер Маѕари, тренерот на италијанскиот калчо гигант Интер, вети дека ќе даде се од себе, неговиот тим да забележи уште подобар резултат во новата клупска сезона.

„Оваа сезона, оваа година можам да ја дефинирам како преодна. Ова е крај на еден циклус, ова е производ на се тоа што се случи во претходната сезона. Интер ќе има силен, победнички старт во новата клупска сезона. Јас сум подготвен да го дадам максимумот, се со цел, Интер да забележи подобар резултат во новата сезона. Ќе чекориме само напред, ја исполнивме зацртаната цел за оваа сезона, обезбедивме пласман во Лигата на Европа. Јас имам договор со Интер и не планирам никаква промена на клупската средина. Очекувам одлични резултати во новата клупска сезона, сигурно дека ќе има напредок и кога е во прашање првенствената табела”, изјави Маѕари.