Мазе и Гисин го освоија златото во спуст

За првпат во историјата на Зимските олимписки игри на најбрзата патека во женското алпско скијање две натпреварувачки имаа исто време. Златото им припадна на Словенката Тина Мазе и Швајцарката Доминик Гисин

Времето на победничките на денешната трка изнесуваше една минута 41.57 секунди.
За Словенците ова беше прва победа на спуст патеките на ЗОИ, додека Гисин на Швајцарија и го донесе петтото злато на Олимпијадите во оваа дисциплина.

Веднаш зад победничкото дуо со само 10 стотинки заостанување трката ја заврши Лара Гут (Швајцариа). Со овој пласман Гут го освои бронзениот медал и на својата земја и донесе уште едно одличие.