Маж грабнат и претепан во Момин Поток

Триесет и шестгодишниот Љ.Т. вчера во скопската населба Момин Поток бил грабнат од страна на три вооружени лица.

Тројцата напаѓачи насилно го внеле Љ.Т. во возило, каде што тој бил удиран, а потоа однесен во „Пеливан“, каде повторно бил малтретиран и тепан во некоја од просториите и подоцна пуштен.

Трите лица С.М.(1986), Д.М.(1962) и Џ.М.(1984) сите од Скопје се приведени и по целосно документирање на настанот против истите ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.