Маж и жена прегазени кај „Даре Џамбаз“

Маж и жена на возраст од околу 40 години се прегазени синоќа на пешачкиот премин кај домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“ во Скопје, објави „Курир“.

Мажот и жената на пешачкиот премин биле прегазени од автомобил „југо“ кој возел со голема брзина.

Повредените со екипи на Итна медицинска помош се пренесени во болница.