Маж обесен на бетонски столб во Сарај

Машко лице минатата ноќ било пронајдено мртво во дворот од семејната куќа во скопски Сарај.

Безживотното тело на 56-годишниот Рагип Љ. кој бил обесен на бетонски столб од ограда го пронашол неговиот внук.

Неофицијално станува збор за самоубиство, а смртта кај починатиот ја констатирале екипи на итна медицинска помош.

Полицијата извршила увид, а телото е предадено на обдукција.