Маж од Чајле го загуби животот во сообраќајката кај Стража

Во сообраќајката што се случи вчера околу 16,10 часот на магистралниот пат Гостивар – Кичево на 2 км од „Мавровска раскрсница“ помеѓу „форд фокус“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Хаки Џ. (51) од с.Чајле и минибус „Мерцедес“ струшки регистарски ознаки управувано од В.Ш.(66) од с.Велешта – Струга, животот го загуби едно лице.

При несреќата на местото на настанот починал возачот на моторното возило Хаки Џ., а со повреди се здобиле сопатниците во  минибусот: Ф.Б.(26) од  с.Србица – Кичево и Д.Л.(35) од с.Вевчани-Струга.