Маж се самозапали на плоштадот во Ватикан

Изутринава на плоштадот Свети Петар во Рим, се самозапали 51-годишен Италијанец ,соопшти извор од Ватикан, цитиран од полицијата, пренесуваат локалните медиуми.

Мажот е пренесен во болница „Санто Спирито“ во Рим. Неговите мотиви и неговата состојба не се’ уште не се познати. Италијанската новинска агенција АНСА објави дека на безбедносните камери забележале маж со облека натопена со запаллива течност. Тој се самозапалил околу 7,50 часот.

Возило на брза помош кое го повикалевластите во Ватикан, пристигнало многу брзо, за да го одведе мажот во болница.

Портпаролот на Светата Столица соопшти дека се’ уште нема податоци за причините за инцидентот, што се случи само неколку дена пред Божиќ.