Маж се самозапали на Влацлавскиот плоштад во Прага

Во центарот на Прага, на Вацлавскиот плоштад, синоќа нешто пред полноќ, 56-годишен маж се обидел да се самозапали полевајќи се со запаллива течност.

Како што јави дописникот на МИА од Прага, мажот, кој се здобил со тешки изгореници, во критична состојба е однесен во болница.

Полицијата информира дека се уште се испитуваат околностите на настанот, но соопштено дека мажот, кој се обидел да се самоповреди самиот, без туѓа помош, бил пациент на Психијатриска болница.