Маж се самозапали пред романската Влада

Маж се самозапали денеска на „Плоштадот на победата“ во Букурешт пред очите на голем број минувачи.

Тој подолго време стоел во близина на зградата на романската Влада со шише бензин в рака, заканувајќи се дека ќе се самозапали.

Во еден момент тој се полеал со бензинот и се запалил. Минувачите веднаш повикале помош, а неколку полициски и медицински екипи брзо пристигнале на местото на инцидентот.

Мажот бил пренесен во болница, каде му била укажана медицинска помош, а неговата здравствена состојба не е критична.