Маж се самозапали во центарот на Прага

Педесет и шестгодишен маж вчера се самозапали полевајќи се со запаллива течност на Вацлавскиот плоштад, во центарот на Прага.

Мажот кој се здобил со тешки изгореници, во критична состојба е однесен во болница.

Полицијата информира дека се уште се испитуваат околностите на настано, но соопштено дека мажот, кој се обидел да се самоповреди самиот, без туѓа помош, бил пациент на Психијатриска болница.