ФОТО: Маж се самозапали во супер експресен воз во Јапонија

Маж се самозапали во супер експресен воз во Јапонија, фото: Би Би Си

Патник во јапонскиот супер експресен воз се самозапалил денеска, при што загинале две лица, а деветмина се повредени од прекумерно вдишување чад, јавува Би Би Си.

Мажот истурил бензин врз себе и се самозапалил во првиот вагон на возот. Во инцидентот починал тој и уште една жена, а од деветмината повредени патници, двајца се здобиле со потешки повреди.

mazh-se-samozapali-vo-super-ekspresen-voz-vo-japonija-1
Маж се самозапали во супер експресен воз во Јапонија, фото: Би Би Си

Засега нема информации кои се причините за самоубиството.

Супер експресниот воз патувал од Токио кон Осака, а инцидентот се случил по околу три часа патување. Во возот имало околу 1.000 патници. Поради несреќата сите возови што патувале на истата релација биле во прекин.