Маж се самозапалил во центарот на Атина

Странец, кој според првичните информации е со потекло од Иран, се самозапалил во центарот на грчкиот главен град, јавува ИТАР-ТАСС.

Очевидец раскажува дека мажот, кој најверојатно е илегален мигранти, се полил со бензин и се самозапалил. Веднаш потоа тој бил пренесен во болница, но починал како последица на здобиените повреди.

На местото на инцидентот на крстосницата на улиците Ахарнон и Агиу Мелетиу биле откриенни документи од ирански државјанин. Полицијата ги проверува документите кои најверојатно му припаѓале на починатиот.