Маж со автомобил сакал да ја прејде блокадата на улица „Ѓорче Петров“

Маж се обидел со автомобил да прејде преку толпата насобрани граѓани кои во знак на револт поради убиството кое се случи денеска ја блокираат улицата „Ѓорче Петров“.

Иако полицијата засега има контрола над насбраните, според очевидци предмалку мажот кој доаѓал од правецот на Сарај, со автомобил насилно се обидел да ја пробие полициската блокада. Полицијата го спречила овој обид.

Полицијата сѐ уште врши увид и до овој момент за медиумите не е потврден идентитетот на момчето.

Од МВР потврдуваат дека се работи за момче родено 1995 година, кое било претепано до смрт.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.