Маж уби пет лица во Пенсилванија

Полицијата во американската сојузна држава Пенсилванија ја опколила станбената зграда во околината на градот Филаделфија, каде се крие мажот кој е осомничен за пет убиства, извршени утринава, пренесоа американските медиуми, повикувајќи се на локална ТВ станица, пишува МИА.

Според WPVI-TV, сопственост на мрежата Еј-Би-Си, полицијата смета дека мажот отворил оган во три куќи, северозападно од Филаделфија. Тој се забарикадирал во станбена зграда во градчето Саудартон, каде убил две лица. Останатите тројца ги застрелал на други места.

Засега окружниот обвинител не дава информации за случајот.

Управата на локалното училиште на учениците и наставниците им наредила да влезат во скривници и таму да останат се до новата наредба.