Маж уби жена во Босилеград

Педесет и едно годишниот Ване Цонев, по кратка но жестока кавга, со нож неколкупати ја прободел својата сопруга 38-годишната Наташа. Трагедијата се случила во село кај Босилеград, Бугарија

Жената, според сведоштвото на соседите, со тешки повреди е пренесена во болница, но потоа починала.

Соседите велат дека Ване и Наташа често се расправале, но дека вчера било најстрашно. Тие постојано слушале дерење и викање, но она што последно го чуле било страшно.

„Околу 8 часот наутро се слушна страшен врисок, веројатно во моментот која Ване прв пат ја прободел сопругата. Кога ја чувме Наташа на сите ни се заледи крвта. Неможевме да веруваме во овој злочин. Жената премногу крвареше, но беше жива кога ја однесоа од тука, даваше знаци на живот“, рече една нивна сосетка.