Маж упаднал во Белата куќа

Дел од Белата куќа била евакуирана откако маж вчеравечер упадна во неа. Обезбедувањето успеало да го задржи мажот, кој потоа бил уапсен.

Станува збор за 42 годишниот Омар Гонзалес од градот Коперас Коув, во сојузната држава Тексас.

Тој е уапсен, а „Сикрет сервис“ најави детална истрага со цел да се утврдат мотивите за упадот.

Кај мажот не е пронајдено оружје, но Донован истакна дека Гонзалес ја прескокнал високата ограда, успеал да стигне до главниот влез на резиденцијата на американскиот претседател, по што бил задржан од припадниците на обезбедувањето.

Претседателот Барак Обама во тоа време не бил во Белата куќа. Тој заминал со семејството во резиденцијата Кемп Дејвид во сојузната држава Мериленд.

Со тоа инцидентот, кој доведе до евакуирање на дел од Белата куќа заврши, а на вработените им е дозволено се вратат на работните места.

Претходно поради безбедносни причини од новинарите, соработниците на претседателката пресслужба и други вработени, кои се наоѓаа во западното крило беше побарано да ги напуштат просториите.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.