Маж во Ваташа претепан до смрт

Непознато лице денеска било претепано до смрт, починало во болница.

Според првичните информации од полицијата во Велес, денеска околу 12.20 часот било пријавено дека во зграда на улицата мажот  Страшо Пинџур во Ваташа лежи лице облеано во крв.

Брзата помош веднаш во пренела во болница, но таму подлегнал на повредите.

Од СВР Велес велат дека во моментов се врши увид и дека повеќе информации во текот на денот.

Неофицијално починатиот бил претепан до смрт од засега непознато лице кое избегало.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.