Маж загина откако со автомобил слетал во провалија на патот Гостивар – Кичево

Маж со се уште неутврден идентитет и возраст го загубил животот, откако претходно слетал во длабока провалија на патот Гостивар-Кичево во близина на каменоломите.

Според првичните информции од СВР Тетово, возило „шкода октавија” излетало од коловозот и паднало во провалијата од десната страна.

По пријавата, полициски службници излегле на лице место и констатирале дека едно лице во возилото е починато.

Засега не е познат идентитетот ниту возраста на починатиот маж. Во тек е увид и се работи на расветлување на поединостите одколу случајот.