Маж загина работејќи на расчистување снег кај Галичник

Четириесет и пет годишен работник во Македонија пат го загуби животот, работејќи на расчистување на снег. Несреќата се случила на регионалниот пат што ги поврзува Маврово и Галичник во месноста Царевец. Работникот добил удар од машина за расчистување снег со која управувал негов колега, пренесува телевизија Алфа.

– При расчистување на снегот од патот, работна машина „ЗИЛ“ што ја управувал 61-годишниот Д.П. од Велес, со задниот страничен дел го закачила, односно удрила и на самото место го усмртила 45-годишниот Г.Т. од скопски Орман. Лекарот, кој за кусо време бил повикан и стигнал на местото, ја констатирал смртта – изјави за телевизијата  Маријан Јосифовски – Портпарол на СВР Тетово.

На местото на несреќата Јавен обвинител и екипа на СВР Гостивар извршиле увид. Ќе се расветлуваат сите поединости поврзани со несреќата. Телото на загинатиот по наредба на јавен обвинител е предадено за обудкција.