Мажите почесто заболуваат од ХИВ и СИДА во Македонија

Лица кои користат дроги, мажи кои имаат секс со мажи, сексуални работници, емигранти, затвореници и трансродови лица се категоријата на популации кои во Република Македонија се заболени од ХИВ вирусот и СИДА, изјави денеска д-р Јованка Костовска, по повод Светскиот ден на борбата против СИДА.

Костовска вели дека во светот има 35 милиони заболени лица од ХИВ од кои најголемиот дел се од Африка. Од нив само 12,9 милиони добиваат соодветна терапија.

„Целта во светски рамки е сите заразени да имаат еднаков третман и терапија. Бројката на забоелни во Европа е исто така загрижувачка и изнесува 1,65 милиони, од кои 136 илјади се заразени во 2013 година. Најм ногу заразени има во Источна Европа или 105.222 лица, во Западна 26.847, а додека пак во Централна 4.166 лица“, рече д-р Костова.

Таа додаде дека бројката на заболени во светски рамки од година во година се зголемува а во изминативе 10 година таа е зголемена за дури 80 пати.

„Македонското здравство секоја година одвојува буџет за оваа намена, за 2014 година тој изнесуваше 22 милиони денари. Исто толку ќе изнесува и за 2015 година. Осумнаесет милиони се трошат за набавка на лекови и тестови, еден милиони за доброволно тестирање и советување, како и 1,2 милиони за едукација на млади лица во средните училишта“, додава доктор Костова.

Во Македонија најстариот заболен има над 64 години, а како што информираат докторите, веќе години наназад нема меѓу заболните мајка на плод. Стапката на смртност, исто така е намалена, поради, како што велат докторите, раното дијагностицирање на висрусот и болеста и третманот со кој им се дава на заболените.

Оваа година во Македонија има регистирано 39 нови случаи на ХИВ И СИДА, од кои најмногу се во Скопје или 21 од кои 15 се заразени со ХИВ вирус, а 6 се со СИДА. Во Куманово има едно лице со ХИВ, а две со СИДА, во Свети Николе има по едно лице и со ХИВ и со СИДА. Според податоците во Тетово има едно лице болно од СИДА, во Струмица, Кавадарци и Прилеп по едно со ХИВ, во Кочани и Штип има по двајца заразени од ХИВ, како и по еден од СИДА, како и еден странец.

Од новите 39 случаи, 10 се хетеросексуалци, 25 се мажи кои имаат секс со мажи, тројца се непознати, а едно лице е зависник од дрога.

Според половата разлика каде во светот таа е 50-50, во Македонија има разлика, однсно 37 лица се машки, а само две се женски.

Во Македонија работат 14 центри за испитување, а месец во кој се прават најмногу теситрања е декември. Тесирањето во изминативе 10 години е зголемено за 5 пати, односо од 5.000 во 2004 до 25 илјади во 2014 година.