Мажите се несмасни во кревет

Работењето во градина, носењето на тешки торби и несмасноста се најчестите виновници за повредите, потврди америкаснаката студија на компанијата Polar Frost спроведена на 2.000 лица.

Скоро 25 отсто од луѓето истегнале мускул во градината, петина од мажите се повредиле спортувајќи или при поправки во домот, а 24 отсто добиле повреди чистејќи.

Меѓутоа, секој 20-ти човек повредите ги добива во кревет. Мажите се несмасни во сексот и двапати повеќе од жените се повредуваат изведувајќи свртувања за време на сексот, го потврди ова истражување.

seks-partneri-muskarci-zene-1378151527-12306

Најчестите последици се болки во грбот, истегнувања, воспаление на мускули и болки во вратот. Покрај тоа, секој 10-ти маж зел боледување додека повеќето ја игнорирале болката. Лекарите предупредуваат дека игнорирањето на болките може да предизвика сериозни здравствени проблеми во иднина.