Мажот со првиот трансплантиран пенис ќе стане татко

Дваесет и едногодишно момче од Јужноафриканската република е првиот човек со пресаден пенис кој ќе стане татко.

Преубавата вест доаѓа само шест месеци по операцијата, иако лекарите тврделе дека ќе му бидат потребни две години за да ги обнови сите функции на половиот огран.

Сепак и покрај ова момчето ќе треба да оди на контроли.

– Оваа операција е огромна иновација. Во Јужноафриканската Република постои голема потреба за ваква процедура, бидејќи многу млади мажи остануваат без пенис поради лошото традиционално обрежување – објаснува проф. Андре ван дер Мерв кој го води тимот.

Секоја година околу 250 мажи од оваа земја остануваат без својот полов орган.