Мажите ги чуваат овие жени како да се вистинско богатство

Еве како отприлика изгледа профилот на идеалната жена за која секој маж сонува, но секако постојат и одредени варијации на темата:

Жена со самодоверба

Таа е феминистка – значи не жена што ги мрази мажите, туку жена што се почитува самата себе си и бара еднакви права со мажите. Паметна е, забавна и отворена за голем број нови искуства. Верува во партнерската рамноправност и не се однесува како слабо и незаштитено девојче.

Секси

Таа ги сака мажите и го сака сексот. Не го користи сексот како манипулација за да го привлече или да го задржи мажот, туку едноставно ужива во него и тоа се гледа на неа затоа што зрачи со сексапил. Другите жени може да бидат љубоморни, но затоа мажите ја губат главата за нив. Врската со нив е чисто уживање.

Другар

Таа е грижлива, секогаш е тука за својот партнер, можат да разговараат за се, имаат заеднички интереси. Обожава да излегува со момчето и со неговото друштво, но и со своите другарки. Тие се сигурна потпора за своите партнери и затоа мажите ги чуваат како вистинско богатство.

Директна

Тоа е жена што знае што сака и не се плаши тоа јасно да го покаже. Таа е силна и нема проблеми со тоа да преземе иницијатива и прва да го покани мажот да излезат. Ним им се дораснати само силните мажи што знаат како со силните жени. Тие што тоа го можат имаат прекрасна партнерка и прекрасна врска.

Независна

Таа е силна, храбра, паметна и способна. Има организиран живот и не и треба маж за да ја направи среќна и да и го пополни слободното време. Таа е партнер во вистинската смисла на зборот, затоа што не е очајна за машко внимание. Некои мажи од ваквите жени се плашат, но многу грешат, затоа што тие, според некои работи се речиси идеални.