Мажите и неверството: Особини кои ги привлекуваат кај љубовницата

Откривањето дека мажот или момчето било неверно е работа со која никој не сака да се соочи. Но, ако веќе се најдете во таква ситуација, постои нешто што би можело да ве утеши, а тоа е веројатноста дека тој ве изневерил со личност која изгледа полошо од вас.

Според последните истражувања кои опфатиле 4.000 лица, се покажало дека повеќето неверни мажи ги сметаат своите партнерки за попривлечни од љубовницата.

Само 30% од мажите одговориле дека имаат помлада љубовница од партнерката, а 26% од нив сметаат дека љубовницата е поинтересна личност, додека само 25% ја сметаат за позгодна и попривлечна од партнерката.

Тогаш се прашување, што е она што ги тера да изневеруваат?

Учесниците во истражувањето рекле дека љубовниците се многу повнимателни, грижливи, дека внимателно ги слушаат со воодушевување, а покрај тоа имаат страст во нив.

Кај жените пак, ситуацијата е малку поразлична. Дури 50% од нив одговориле дека љубовниците се позгодни и попривлечни од партнерот, и тоа е пресудната причина зошто го започнале тој „грев“.