сабота, 27 мај 2017  |  Вести денес: 0

И мажите можат да доживеат повеќекратен оргазам – Еве како

Жените имаат поголеми шанси за да доживеат повеќекратен оргазам, но со малку труд тоа можат да го направат и мажите – еве како.

seks-1377009531-11146

Последни вести

Жените сепак немаат монопол над повеќекратниот оргазам – околу 10% од мажите доживеале повеќекратен оргазам, соопштија канадски научници.

„Некои мажи имаат повеќекратни оргазми од првиот пат кога уживале во сексот“, вели авторот на студијата доктор Ерик Вибово. „Останатите мораат малку да вежбаат за да го постигнат тоа“.

Откако ќе доживеете оргазам, на телото му се потребни околу 20 минути да закрепне, пред повторно да биде во состојба да го доживее врвот на сексуалното задоволство. Периодот на закрепнување помеѓу оргазмите станува подолг како што стареете, а експертите објаснуваат дека тоа има врска со пролактинот, хормон кој управува со сексуалната возбуда.

Доктор Вибово нагласува дека кај повеќекратниот оргазам мажот не мора секој пат да ејакулира. „Некои мажи доживуваат неколку оргазми за време на сексуалниот однос, но ејакулираат само еднаш“, објаснува тој.

„До ејакулација може да дојде при првиот оргазам, последниот или некој помеѓу. На оние кои не го доживеале тоа, им звучи чудно, но оргазмите при кои мажот не ејакулира се еднакво интензивни како и оние во кои доаѓа до ејакулација.“

Во секој случај, доктор Вибово објаснува дека овој метод би можел да ви помогне и вие да доживеете повеќекратен оргазам.

Одложувајте ја ејакулацијата

Со оглед на тоа што на телото му е потребен одмор после ејакулацијата – а, не оргазмот – ако успеете да не исфрлите сперма за време на оргазмот, ќе бидете поблиску до доживување на повеќекратни оргазми. Некои мажи успеваат да ја одложат ејакулацијата за време на оргазмот стегајќи ги мускулите кои инаку ги користат за да ја запрат урината. Колку се посилни тие мускули, толку е поголема способноста да ја контролирате ејакулацијата.

Најчитани вести