Пациентите на Инфективна починале од тешка заразна болест, но не се знае од која

Двајца пациенти од гостиварско на 50 и 23 годишна возраст, роднински поврзани, починале на Клиникта за инфективни болести во Скопје, откако биле донесени со висока температура, дијареа и повраќање.

Едниот починал неколку часа откако бил примен на Клиниката, а другиот три дена подоцна.

Претходно немале никакво заболување. Болеста го зафатила црниот дроб, крвта и бубрезите.

Лекарите се’ уште не знаат за какво заболување станува збор, но претпоставуваат дека е болест што се шири од животни или инсекти.

На Клиниката се наоѓаат уште четворица пациенти од истиот регион со истите симптоми, но се со полесна клиичка слика.

Епидемиолошките служби се на терен и ќе утврдуваат дали има потреба од прогласување епидемија, бидејќи дел од овие пациенти се во роднински врски.

Лекарите се сомневаат  дека се работи за хантан вирус од кој откажуваат бубрезите и бели дробови. Сите пет лица кои биле хоспитализирани на клиниката се од исто бачило и се сточари од село Симница, гостиварско.

На Клинката за инфективни болести не е прогласен карантин, туку се изолирани во посебни простории.

Се вршат анализи за да се утврди за кое заболување станува збор.