Мажите пасивно изневеруваат секој ден

Нема ништо лошо во тоа повремено да проверуваме што прават нашите бивши љубови, но ако тоа го прави секој ден, тогаш вашето момче пасивно ве изневерува. Факт е дека тој секојдневно мора да знае каде е таа, со кого и што прави, а тоа може да значи дека сеуште не ја преболел.

Честење други жени

Секако, нема никаков проблем во тоа ако почести една тура, но ако во текот на вечерта чести само една жена тоа може да се протолкува како флерт. Ако таа е само една од пријателките, тогаш ќе и доволи да плати барем една тура. Ова значи дека се обидува да ја импресионира.

Не кажува дека има девојка

Ако не нагласил изречно дека има девојка, тоа значи дека им допушта на другите жени да се однесуваат заводливо кон него. Немора веднаш при запознавањето да каже дека е зафатен, но ако забележи дека жената флертува со него, би било очекувано барем да напомене дека е во врска.