Мажите се емотивно незрели до 43-та година

Иако многу жени не сакаат да признаат, но за прв пат во нивниот живот за брак помислуваат во 20-те години. Но, зошто понекогаш се ни се чини тоа толку далеку и зошто возрасните мажи ни личат на незрели момчиња?

Можеби одговорот лежи во најновото истражување на британската новинска агенција, кое покажало дека мажите не можат да ја достигнат својата емотивна зрелост до 43-та година.

Од друга страна, жените стануваат зрели на 32 години, па доколку не сте во врска или брак со маж постар од вас 11 години, можете да имате полни раце работа со незрели деца.

Според студијата, само 26 отсто од „Генерацијата Y“, односно лицата кои се родени од 1980 до 2000 година, која се нарекува и милениумска генерација, во моментов се оженети, а се претпоставува дека е во прашање тренд и дека мажите кои денеска се женат во 20-те се исклучоци.

Научниците сметаат дека станува збор за тренд повикувајќи се на генерациската разлика меѓу нас и нашите родители, 48 осто од нивната генерација, браковите ги склучувале од 18 до 32 години.

Научниците претпоставуват дека „Генерацијата Y“ созрева подоцна, а меѓу нив е забележана и значајно ниска стапка на доверба во социјалните и личните односи. Едно истражување докажало дека само 19 отсто од припадниците на оваа генерација мислат дека на луѓето може да им се верува.

par-1400238942-35994

За ова мислење, веројатно е виновно негативното влијание на социјалните мрежи, големиот број на разводи, но и бројот на злосторствата против човештвото во целиот свет за кој слушаме секојдневно.

Исто така, истражувањето покажало дека 36 отсто од припадниците на „Генерацијата Y“ живее со своите родители, што е последица на светската економска криза, па мажите не сакаат да планираат брак и семејство доколку немаат финансиски услови за стабилност.

Инаку, колку и да глумат дека се силни и стабилни, мажите се тие кои остануваат дома со родителите и дозволуваат нивните мајки да се грижат за нив. Овој проецент изнесува повеќе од 40, а додека пак, помалку од 30 отсто од жените одлучуваат да живеат со родителите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.